Добредојдовте на Buzzin.mk

BUZZIN природниот планински мед е исклучително квалитетен производ кој се произведува во мали количини и нема никакви додадени шеќери, бои, хемии, 100% природен, квалитетен мед кој кристализира под 18°.

Медот се произведува во регионот на Општина Дебрца во еколошки чиста и незагадена средина, оддалечена околу 15км од главниот пат, во планински предел.

Амбалажа на “Buzzin“

Моментално “Buzzin” медот се пакува во стаклена амбалажа од 950г, 450г и 250г. Бидејќи се работи за неверојатно квалитетен, чист и природен производ, “Buzzin” се произведува во мали ограничени количини. Квалитетот на нашиот производ нема тајни, единствено нешто е дарот од природата и вегетацијата на планинскиот регион каде што се наоѓаат живеалиштата на “Buzzin” пчелите.​

Daniela Tanaskovska
Daniela Tanaskovska
@Daniela Tanaskovska
Read More
Pozdrav Stigna narackata Vi blagodaram odlicen prvoklasen med
OsmanRamiz Demirovski
OsmanRamiz Demirovski
@OsmanRamiz Demirovski
Read More
Prekrasen med, Blagodaram za brzata dostava. Cist kvaliteten e moze da zemeye nema da se pokaete
Ivona Velickoska
Ivona Velickoska
@Ivona Velickoska
Read More
Predobar med premnogu sum zadovolna osobeno od toa kako bese spakovana i na sekoj detal vnimavano 👏👏 najdobro iskustvo sto sum imala dosega so onlajn naracuvanje🙏❤
Previous
Next

Историја

Од најрана возраст бев вљубеник кон пчелите и нивната енергија која не запира по 24часа на ден. Тогаш, љубовта на моите родители кон пчеларството многу брзо се пренесе кај мене и стана моја пасија. Кога бев малечок сакав да го работам ова, но не бев ни замислил дека еден ден ќе ми се оствари желбата да бидам пчелар и производител на мед. Почнав со учење како се гради дом за пчелите. Со помош на татко ми ги изработувавме нивните куќички, за подоцна да соберам храброст и без никаква заштита да можам да бидам во контакт со нив и да им помагам во процесот на создавање. Денес, неколку години подоцна сум тинејџер и со помошта на неколку блиски роднини, пријатели и компании успеав да создадам мал бренд кој ќе ја обележи мојата љубов кон природата, пчелите и создавањето на вкусно задоволство. Па така, Buzzin не е обичен мед, туку една приказна која јас со мојот татко ја создаваме со традиција. Желбата ми е Buzzin да биде симбол за квалитет кој ни го дава природата, но за да се оствари мојата желба потребна ми е Вашата поддршка и препорака. Така што, ако сте задоволни од вкусот на Buzzin, помогнете час поскоро да се расчуе за мојата приказна. Споделете со Вашите пријатели и одвојте неколку минути за да напишете коментар на социјалните мрежи. Се радувам на секој Ваш коментар и секој нов коментар ми е уште поголем мотив да го работам ова со полна енергија. Од срце ви благодарам на довербата, Ѓоко – Buzzin.mk

Контакт

Пополнете ја формата и направете директна нарачка со тоа што ќе оставите Ваши податоци.
За сите дополнителни информации info@buzzin.mk

Flying Ninja

£26.00

Pellentesque habitant morbi tristique senectus et netus et malesuada fames ac turpis egestas. Vestibulum tortor quam, feugiat vitae, ultricies eget, tempor sit amet, ante. Donec eu libero sit amet quam egestas semper. Aenean ultricies mi vitae est. Mauris placerat eleifend leo.

Category:

Pellentesque habitant morbi tristique senectus et netus et malesuada fames ac turpis egestas. Vestibulum tortor quam, feugiat vitae, ultricies eget, tempor sit amet, ante. Donec eu libero sit amet quam egestas semper. Aenean ultricies mi vitae est. Mauris placerat eleifend leo.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Flying Ninja”

Your email address will not be published.