BUZZIN природниот планински мед е исклучително квалитетен производ кој се произведува во мали количини и нема никакви додадени шеќери, бои, хемии, 100% природен, квалитетен мед кој кристализира под 18°.
Медот се произведува во регионот на Општина Дебрца во еколошки чиста и незагадена средина, оддалечена околу 15км од главниот пат, во планински предел.
Моментално “Buzzin” медот се пакува во стаклена амбалажа од 950г, 450г и 250г. Бидејќи се работи за неверојатно квалитетен, чист и природен производ, “Buzzin” се произведува во мали ограничени количини. Квалитетот на нашиот производ нема тајни, единствено нешто е дарот од природата и вегетацијата на планинскиот регион каде што се наоѓаат живеалиштата на “Buzzin” пчелите.
Од најрана возраст бев вљубеник кон пчелите и нивната енергија која не запира по 24часа на ден. Тогаш, љубовта на моите родители кон пчеларството многу брзо се пренесе кај мене и стана моја пасија. Кога бев малечок сакав да го работам ова, но не бев ни замислил дека еден ден ќе ми се оствари желбата да бидам пчелар и производител на мед. Почнав со учење како се гради дом за пчелите. Со помош на татко ми ги изработувавме нивните куќички, за подоцна да соберам храброст и без никаква заштита да можам да бидам во контакт со нив и да им помагам во процесот на создавање. Денес, неколку години подоцна сум тинејџер и со помошта на неколку блиски роднини, пријатели и компании успеав да создадам мал бренд кој ќе ја обележи мојата љубов кон природата, пчелите и создавањето на вкусно задоволство. Па така, Buzzin не е обичен мед, туку една приказна која јас со мојот татко ја создаваме со традиција. Желбата ми е Buzzin да биде симбол за квалитет кој ни го дава природата, но за да се оствари мојата желба потребна ми е Вашата поддршка и препорака. Така што, ако сте задоволни од вкусот на Buzzin, помогнете час поскоро да се расчуе за мојата приказна. Споделете со Вашите пријатели и одвојте неколку минути за да напишете коментар на социјалните мрежи. Се радувам на секој Ваш коментар и секој нов коментар ми е уште поголем мотив да го работам ова со полна енергија. Од срце ви благодарам на довербата, Ѓоко – Buzzin.mk